Полицајците ширум светот веќе се навикнати луѓето да ги бараат поради бизарни причини, но повикот кој им го упатила Шанон Бирд од американската сојузна држава Утах сигурно не го очекувале.

Мајката на 5 деца ги повикала полицајците среде ноќ бидејќи немала како да ја нахрани 2-месечната ќерка.

Шанон никогаш претходно немала проблеми со доење, па немала потреба да купува кашички и млеко за бебето. Сепак, кога ќерка ѝ ноќта се разбудила плачејќи, Шанон не можела да ја нахрани. Како што вели, едноставно млекото од градите не сакало да излезе и не била во состојба да дои.

Признала дека во ладилникот имала резервни шишиња млеко, но многу добро знаела дека тие ќе бидат доволни само за еден оброк, а нејзината ќерка мора да јаде на секои два часа.

View this post on Instagram

londons 1st flight… wish us luck

A post shared by Shannon Bird (@birdalamode) on

Почнав да паничам“, признала Шанон, која не знаела што да направи.

Нејзиниот сопруг бил надвор од градот, а 5-те деца спиеле во истата куќа. Не можела само така да ја напушти куќата и да отиде во некој маркет кој постојано работи, а никој од соседите и останатите членови од семејството не ѝ враќал на повиците, бидејќи, како што вели, сите спиеле.

Потоа се сетила да повика полиција.

Никогаш не сум била во ваква ситуација, млекото едноставно ми пресуши“, одговорила на телефонската слушалка на прашањето за хитноста на овој случај.

Полицајците многу брзо се појавиле на врата со млеко и храна за бебето во раце и одбиле да примат било какви пари за услугата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.