Ужасно тешка година за Италија. Додека луѓето се бореа кака да преживеат, многу Италијанци го доживееја најстрашното – ги загубија најмилите. Ова е приказна за Кристина која од коронавирусот за една недела ги загубила сопругот и татко ѝ.

Останав сама со ќерка ми од десет години, без мажот на мојот живот – вели Кристина која има 37 години и живее во Бергамо.

Првата трагедија ја доживеела кога нејзиниот татко се разболел од корона, и од болницата ја известиле дека нема место во интензивна нега.

Жал ни е госпоѓо, но не можеме да го сместиме на интензивна нега, мора да оставиме место за некој помлад пациент -ми рекоа во болницата.

Имаше 74 години. Беше доцна кога го ставија на полиинтензивна нега. Го видов пред да почине и му реков дека го сакам. Во 22 часот стигнав дома и ми се јавија од болница, ми рекоа дека починал во 21 часот.

Само една недела по смртта на татко ѝ, Кристина доживува уште една трагедија. Починал нејзиниот сопруг Клаудио, кој имал 46 години и бил карабињер.

Почина, а немав време да се простам со него. Од носилката ме погледна, ми мавна со раката од далечина, беше тоа едно “адио“. Седум дена на интензивна нега и крај.

Кристина со својата ќерка била во карантин, но не знаеле дали се заразени или не, бидејќи не направиле тест.

Мојата сила сега е само ќерка ми. Понекогаш ја слушам како пее песничка која ја научи од татко и, па ќе ме погледне и ми вели, извини мама. Ќе ја погалам по косата и ѝ велам дека не треба да се извинуваме и дека заедно ќе плачеме за нејзиниот татко и дедо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.