На социјалните мрежи е објавен апел за помош за семејство од Гевгелија на кое поради несреќа итно му е неопходна печка или шпорет на дрва, како и облека за родителите и двете мали деца.

Почитувани жители на општина Гевгелија;

 

Контактирани сме во врска со една фамилија на која итно е потребен шпорет на дрва, или печка на дрва поради случена несреќа…

 

Потребни се и алишта за маж XL, за жена XXL, за машко дете од околу 8 години, и за девојче од 3/4 години.

 

Са надеваме за ваша брза реакција.

 

Гевгелија секогаш е била пример за солидарност.

 

Сме си помагале секогаш кога е било потребно, и вие секогаш бевте тука за помош, поддршка, а веруваме дека и сега ќе помогнеме на оваа фамилија колку можеме заедно.

 

Однапред ви благодариме ! – се наведува во апелот за помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.