веќе видовме на улиците, паркинзите и супермаркетите и на зелените површини, како и на плажите ширум светот. Француските нуркачи сега донесоа стравични резултати од дното на Средоземното море. Се разбира станува збор за маски и ракавици за една употреба.

Глетката на морското дно исполнето со лименки и друг отпад, но и бројни хируршки маски од латекс, овие денови ги исполнуваат француските медиуми во кои неодамна се пишуваше за потребата од наплаќање на високи парични казни за неодговорно фрлање на овој нов вид отпад кој ни го донесе пандемијата на Ковид-19. Имено, со постепено попуштање на мерките за сузбување на пандемијата, Франција се повеќе се соочува со уште една тажна последица од здравствената криза. Оваа голема европска земја до вчера имаше речиси 183.000 заболени, а според бројот на смртните случаи (28.432) е на седмо место во светот, но сега станува се посвесна и за овој нов проблем. Се повеќе маски и ракавици за една употреба завршуваат на дното на морето со што дополнително се рескира долготрајното загадување на Средоземното море.

Лорен Ломбард е основач на еколошкото здружение „Операција чисто море“ загрижувачките призори во морето околу познатото француско летувалиште Антиби на Азурниот брег ги прикажа минатата недела.

Дали ви се чини дека ова лето ќе пливаме со Ковид-19? Со оглед на тоа дека поради пандемијата биле нарачани повеќе од две милијарди маски за една употреба, наскоро за водата во Средоземно море може да има повеќе маски отколку медузи, рече Ломбард.

За жал маските и ракавиците за една употреба не се проблем само на Антибите или во Франција, туку веројатно и во другите медитерански земји. Ерик Пагет е застапник на  „Alpes-Maritimes“ во националното собрание предложи воведување на парична казна од 300 евра за фрлање на маски и ракавици за една употреба.

Минатата недела во Загреб комуналното претрпијатие апелираше до граѓаните да не фрлаат ваков вид отпад во тоалетите бидејќи го запушуваат системот.

 

извор/ фото: ековјесник.хр.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.