Поранешниот телохранител на принцезата Дајана, Кен Варф, се присетил како го слушал четиригодишниот принц Хари кој му велел на својот брат Влијам дека може да прави што сака затоа што никогаш нема да биде крал.

Тој раскажал што всушност се случило пред 30 години додека семејството патувало на викенд.

Имено, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се расправале за време на патот.

Се сеќавам на моментот кога Хари како 4-годишно дете патуваше секој викенд. Тој и неговиот брат имаа кавга на задното седиште од автомобилот. И на крајот Хари рече: Еден ден ти ќе бидеш крал, а јас нема. Така што можам да правам што сакам.

Според она што го кажал Варф, Дајана рекла: „Од каде му е сега ова по ѓаволите?“

Оваа реченица на Хари подоцна го одредува и нивниот сложен однос кој со текот на времето станала напнат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.