Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година, на 27-годишна возраст, а како виновен за нејзината смрт многумина го посочуваа нејзиниот поранешен сопруг, Блејк Филдер Сивила.

По нејзината смрт, Блејк призна дека бил првиот што на Ејми ѝ дал хероин, но седум години подоцна реши целосно да ја смени приказната!

Имено, тој во шоуто „Добро утро Британија” зборуваше за односот со Ејми, но исто така и за заедничката зависност од дрога.

„Ејми и јас бевме заедно шест или седум години, со прекини. Нашата врска беше турбулентна. Имавме еден поголем прекин што беше проследен од страна на медиумите, но ние се смиривме. Со години ме прозиваат поради употреба на дрога, но вистината е дека се дрогиравме околу шест месеци за време на нашиот брак и тоа е тоа. Пред тоа Ејми не земаше дрога, само пушеше марихуана, а јас земав хероин само четири или пет пати“, рече Блејк.

„Пушев во хотелската соба и ме праша дали може да добие малку. Јас се побунив, но не премногу. Што и да речев, таа ќе го пробаше на крај. Се разбира, сега ми е жал за тоа, не само поради штетата што ѝ ја направив, туку и поради штетата што ја претрпеа нашите семејства, па и јас. Сите сме поминале низ оваа зависност“, изјави Блејк за „Индепендент“ во 2013 година.

Во таа пригода, Блејк рече дека се развел од Ејми затоа што тоа го барал од него нејзиниот татко Мич!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.