Поранешниот градоначалник на Општина Росоман од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Стојанче Лазов, се пофали дека со стрела убивал диви свињи. На својот Фејсбук профил тој објави неколку фотографии покрај убиените и крвави животни, со пораките:„ Нека се ловат, и со стрела се може, и Нека се плодат, нека се ловат“, објави „Фокус“.

Лазов е познат како страсен ловец и ова не е прв пат тој да се пофали со уловот на социјалните мрежи. Но, исто така, тој не е единствениот политичар кој што ужива во ловот на диви животни. Минатиот април на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која голем број на бизнисмени и политичари, позираа покрај дури 57 застрелани диви свињи во ловиштето Јасен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.