Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон ќе биде татко на 90 години. Тој сега има 89 години, а ќе го добие четвртото дете и тоа со 46-годишната Фабиана Флоси.

Има пет внуци, а на 28 октомври годинава ќе го прослави својот 90 роденден. Првпат се ожени во 1952 година, и тоа со Ајви Бамфорд (не е познато кога се разведоа), со која има ќерка Дебора (65).

Британскиот милијардер во 1985 година стапи во брак со Славица Еклстон од Риека, Хрватска. Имаат две деца, Петра (29) и Тамара (35), а се разведоа во 2009 година.

Три години подоцна Еклстон се ожени со Флоси, потпретседателката за маркетинг за Гран При во Бразил.

Како што пренесуваат светските медиуми, богатството на поранешниот газда на Ф1 се проценува на 3,2 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.