Поранешната портпаролка на Белата куќа, Стефани Гришам, која во текот на четирите години поминати во администрацијата на Трамп главно работела за поранешната прва дама Меланија Трамп, на 5 октомври ќе ја објави книгата „I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House“.

Таа на хартија ставила бомбастични детали за кои морала да молчи додека работела за семејството Трамп, а американските медиуми посебно ги интересирала исповедта на Стефани за Меланија која своевремено ја доживувала како блиска пријателка.

Меѓу другото, Гришам убавата Словенка ја споредила со озлогласената француска кралица Марија Антоанета – „Омразена. Поразена. Оддалечена“.

Стефани за Трамп знае тајни кои дури ниту Меланија не ги знае, тајни за кои тој не сака никогаш да ги дознае. Тие ќе бидат во оваа книга, рекле извори блиски до Стефани.

Стефани во книгата открила и дека поранешната прва дама наводно дознала за нередите на 6 јануари порано отколку што се мислело тоа, а одбила да даде јавно соопштение во кое тоа би го осудила. Наместо тоа, таа ладнокрвно се подготвувала за фотосесијата со новиот тепих што го избрала за Белата куќа.

Дали сакате да твитнете дека мирните протести се право на секој Американец, но дека нема место на беззаконие и насилство, гласела содржината на пораката која Гришам ѝ ја испратила на Меланија тој ден.

Не, кратко ѝ одговорила Меланија, како што тврди Стефани.

На поранешната портпаролка овој одговор ѝ го „скршил“ срцето, а набрзо потоа ја напуштила Белата куќа. Во тој момент таа била шеф на кабинетот на првата дама.

Таа во книгата открила и дека е шокирана од фактот дека и Меланија го дели мислењето на својот сопруг за тоа дека изборите во 2020 година биле „украдени“, па поради тоа одбила да одржи традиционална чајанка со новата прва дама на Америка – Џил Бајден. Додала и дека Словенката е „вообразена личност која живее во свој свет далеку од реалноста“.

Околу сето ова во врска со книгата се огласи и Меланија:

Намерата на оваа книга е очигледна. Тоа е обид да се оправда по лошото работење на местото секретар за медиумите, пропаднатите лични односи и непрофесионалното однесување во Белата куќа. Со невистина и предавство таа настојува да стекне релевантност и да заработи на сметка на госпоѓата Трамп, соопштиле од канцеларијата на Меланија Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.