Поранешната Мис на Иран , 31- годишната Бахаре Заре Бахари три недели била заробена на аеродромот на Филипини.

Мисицата неодамна сними видео во кое вели дека се плаши за својот живот бидејќи властите би можеле да ја депортираат назад во Техеран, каде се соочува со смртна казна заради критикување на режимот. На 17 октомври Бахари побара азил.

Не сум добро, косата ми опаѓа од стресот. Немам приватност бидејќи просторијата нема врата, не можам да се преоблекувам. Сите sидови се бели, креветот е бел, секогаш е осветлен. Не знам дали е седум часот наутро или седум навечер. Го губам поимот за време, а понекогаш и разумот, се пожали таа.

 

Бахари тврди дека не била во Иран веќе пет години. Властите велат дека таа ја навредила земјата критикувајќи ги законите и ставот кон жените во земјата.

Дури денеска владата на Филипини и одобри азил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.