Поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ на Инстраграм се пофали со нов ангажман. Имено, Вера стана водителка на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

„Здраво Македонијо“, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети,рецепти,информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50часот, напиша Мештеровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.