Поранешната унгарска порно ѕвезда го избола до смрт својот двегодишен син во текот на непријатна борба за старателство, а потоа неговото тело го фрлила на каса во италијански супермаркет.

Каталин Ержебет Брадакс (44) влегла во супермаркет во градчето Чијата дела Пиеве и повикала помош додека го ставала телото на своето синче на каса, објави Њујорк Пост.

Обдукцијата кај детето открила 9 убодни рани на градите и вратот, а неговата, со крв прекриена маичка, како и џемперот на мајката подоцна се пронајдени во напууштена зграда во близина.

Брадакс е уапсена и обвинета за убиство, а ножот со кој го избола детето е пронајден во нејзината чанта. Мотивот за убиство најверојатно бил одмазда за таткото на детето Норберт Јухаш со кого водела гадна борба за старателство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.