Шест купувачи и 25 вработени во ИКЕА мораа да ја поминат ноќта на кревети и софи во продавницата за мебел поради обилните снежни врнежи во Данска вчеравечер

Големите насипи на снег ги заробија клинетите и вработените во продавницата во Алборг, па тие не можеа да се вратат во своите домови и топли кревети.

Но, наместо да се обидуваат да се вратат низ снегот, на клиентите и на персоналот им беше дадена можност, која ретко се случува во животот, да преноќат една ноќ во салонот за мебел во продавницата.

Спиевме на мебелот во нашиот изложбен салон на првиот кат, каде што имаме кревети, душеци и софи – изјави менаџерот Питер Елмроуз за данскиот весник „Екстра Бладет“.

Тој рече дека клиентите можеле да го изберат точниот кревет што размислувале да го купат и да го пробаат, а сите ја минале ноќта јадејќи и гледајќи телевизија. Тие велат дека поминале одлично и дека ноќта била забавна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.