Популарниот актер Бурак Озчивит кој стекна светска слава, сега се соочува со сериозни проблеми.

Бурак и неговата сопруга Фахрије Евџен, пред помалку од една година станаа родители на синот Каран, но во меѓувреме актерот упадна во проблеми со криминалици поради луксузната вила која ја купил во близина на Истанбул.

Проблемот настанал кога Бурак дознал дека уште некој е заинтересиран за тој посед и дека цената не му е важна. Со оглед на тоа дека актерот прв дал аванс, другиот купувач останал без куќата. Набрзо се дознало дека другиот заинтересиран купувач е припадник на криминалното  подземје и дека воопшто не му се допаднало тоа што останал без вилата, која по секоја цена сакал да ја купи- рекол извор близок на актерот.

На актерот му се заканиле дека ќе зажали зошто ја купил вилата вредна над 2 милиони евра. На почетокот Бурак не се грижел многу за ситуација, но сфатил дека криминалците се сериозни кога почнале да му се закануваат дека ќе му го киднапираат синот, па ги известил надлежните служби.

Верува дека се ќе се реши, но секако дека не му е сеедно. Најмил и телохранители без кои не излегува надвор, а се надева дека целата драма ќе заврши што побрзо – рекол извор близок до актерскиот пар.

Целата ситуација довела до тоа Бурак повторно да почне да посетува психијатар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.