Пејачката на познатиот руски бенд Восток, почина во Москва. Натела Ас имала 48 години, а телото и е пронајдено во близина на куќата.

Минувач го забележал телото, повикал полиција, а тие утврдиле дека станува збор за познатата пејачка, бидејќи со себе имала документи, клучеви и мобилен телефон.

Полицијата соопштила дека нека знакови на насилна смрт, борба или било што што би укажувало дека е влечена. Натела наводно можела да падне од пожарните скали, кои се многу високи.

Натела Ас, освен со пеење, се занимавала и со моделинг, имала епизодни улоги во филмови и серии, ама најголема популарност стекнала во 90 тите, кога била пејачка на популарниот бенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.