Познатиот швајцарски невролог Ерих Ридерер ја откри тажната вистина за Михаел Шумахер, кој претрпе страшна несреќа на скијање кон крајот на 2013 година.

Во документарецот „Михаел Шумахер: Во потрага по вистината“, емитуван на францускиот канал „РМЦ стори“, тој рече дека главната причина за влошената состојба на шампионот е доцнењето на помошта од првиот медицински тим и сугерираше дека Германецот никогаш нема да се подобри.

Вистината е, тие чекаа премногу долго за да ја олеснат состојбата на неговиот мозок. Ние неврохирурзите секогаш велиме дека мозокот нема време и дејствуваме веднаш кога има проблем со него. Токму ова одложување сега влијае на Шумахер. Мислам дека вегетативната состојба во која е е најдобрата што може да ја има и веројатно нема да се подобри. Тој е буден, но не реагира, дише, срцето му чука, но ништо повеќе, коментира експертот.

Неговата изјава сигурно нема да им се допадне на милиони фанови на Германецот, кои 7 години чекаат на денот кога ќе се опорави и повторно ќе излезе пред нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.