Јапонската железница соопшти дека сообраќајниот колапс на островот Кјушу „виновен“ е полжав, кој предизвикал од краток спој на железничките инсталации.

Десетина возови застанаа или беа откажани, а 12.000 луѓе доцнеа на 30 мај во Јапонија, земја која е позната по ефикасноста и точноста на железничкиот сообраќај.

Откако биле прегледани сите инсталации, пронајден е полжав во електрична кутија во близина на шините.

Јапонските железници соопштија дека се работи за редок инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.