Албанија и Грција се двете земји каде најголем дел од политичарите од Северна Македонија ќе одат на одмор. ТВ21 праша неколкумина од нив, каде ќе отпатуваат за одмор и колку ќе трошат. Некои од нив се уште не одлучиле каде, а кога станува збор за тоа колку ќе трошат, се многу скромни. Велат дека за една недела просечно заедно со семејството ќе потрошат до 500 евра.

Минатата година бил во Египет и вели дека потрошил, како што вели, во рамките на нормала, но сепак Мухамед Зекири не откри колку троши за одмор.

Влатко Ѓорчев, се уште не одлучил каде ќе отпатува оваа лето. Кога го прашавме колку троши, избега велејќи дека нема време.

Изгледа пратеникот Реџаил Исмаили најмногу троши на одмор или можеби беше најреален во неговиот одговор.

И вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, рече дека планира летниот одмор да го помине во Албанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.