Манекенката Кендал Џенер (24) не се срами да позира во долна облека, ниту пак тоа да го објави на социјалните мрежи.

Овојпат, згодната манекенка се сликаше потполно гола, а телото го покри со скапоцени чанти и кутии со марка Луј Витон.

Меѓутоа, Кендал не се фали со тие чанти, туку им ги дели на своите обожаватели.

Манекенката направи наградна игра, со цел нејзините следбеници да имаат исти чанти како неа.

За само неколку часа Кендал собра повеќе од 70.000 коментари на оваа фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.