Доволно е човек кога ќе ги погледне фотографиите на рускиот лидер да признае дека Владимир Путин на 65-годишна возраст е во прилично во добра форма во споредба со неговите врсници.

Најмоќнито лидер во светот, Владимир Путин, појадува како цар, руча како крал и вечера како слуга.

Се храни здраво и денот го започнува во базен, по што следи обилен појадок. Путин ужива во руската кујна и на неговото мени ретко може да се најдат интернационални специјалитети.

За појадок, Путин јаде каша, руско младо сирење со мед, и пие живи јајца од препелица, така велат новинарите кои имале можност некогаш да појадуваат со претседателот.

Тие, исто така, открија дека Путин сака да пие сок од рен и сок од цвекло.

Навикнат сум на зелен чај … Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се обидувам да јадам овошје и да се напијам кефир кога е тоа возможно, а кога не е, претпочитам да не јадам ништо – вели Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.