Сестрите Ели-Џин и Холи-Дејз Кофи, популарните австралиски сурферки, кои пет години се натпреваруваа во Светската лига, одлучија да свртат нова страница во животот и кариерата и почнаа да се занимаваат со порнографија.

Сестрите отворија веб-страница на која за околу триесет долари месечно, претплатниците добиваат жешки фотографии и снимки.

View this post on Instagram

Best Coffey pun gets a follow ☕️

A post shared by Ellie-Jean Coffey (@elliejeancoffey) on

Со оглед на тоа што секоја од нив има по над милион фанови на Инстаграм, нивниот бизнис оди многу добро. Ели-Џин (25) прва се приклучи на новиот бизнис, кон крајот на август, а пред неколку дена нејзиниот пример го следеше и Холи-Дејз.

По таквата одлука, австралиските таблоиди шпекулираат дека во новата професија ќе им придружат и нивните помлади сестри Руби-Ли (20) и Бони-Лу (19), кои во моментов не смеат да ја вршат таа работа поради нивната возраст.

View this post on Instagram

This girl is very special to me @rubyleecoffey

A post shared by Ellie-Jean Coffey (@elliejeancoffey) on

Во меѓувреме, четирите сестри се наречени „Австралиски Кардашијанс“ и се шпекулира дека Ели-Џин се решила на порнографија по несреќната љубовна приказна.

Таа минатата година открила дека нејзиното момче ја изневерува, по што следувала битка со депресија неколку месеци и решила да го зададе последниот удар на емоционалното страдање на овој необичен, но многу профитабилен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.