Вечерва во југоисточниот дел на земјава, поточно меѓу Струмица и Валандово, се случил земјотрес со интензитет од 1,5 степен според Рихтер во 22:24 часот.

Епицентарот е во ненаселено подрачје, на длабочина од 10 километри.

Инаку денеска во 15:50 часот бил почувствуван земјотрес во јужниот дел од земјава. Епицентарот бил во соседна Грција во средниот дел, односно 30 километри северно од Лариса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.