Викторија Руоволо (59) од Њујорк почина откако пред 15 години беше погодена со смрзната мисирка во глава. Рајан Кашинг (18) и неговите другари купиле мисирка со украдена кредитна картичка и при брзина од 130 км на час ја фрлиле од колата и ја погодиле Викторија во глава.

Нејзе и биле искршена речиси сите коски на лицето и еден месец била во кома. По операцијата која траела речиси осум часа лекарите со метални плочки и го составиле лицете.

Не знаеја дали сум машко или женско бидејќи целото лице ми беше сплескано. Левото око висеше од страна. Ме ставија во вештачка кома оти мозокот ми отекуваше, изјавила Викторија во едно интервју во 2011 година.

Тинајџерите биле фатени, но Викторија побарала да ги помилуваат. Кашинг потоа бил осуден само на шест месеци затвор и пет години условна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.