На 68-годишна возраст во Битола почина Лазар Николовски, сопственик на популарното битолско радио 105 Бомбардер.

Лазе Николовски беше меѓу првите приватни радиодифузери во градот и државата, а со начинот на работа стана препознатлив во етерот и со голем аудиториум.

Лазар Николовски беше почитуван, редовен мајтапчија и шегаџија, пријател и соработник со битолските новинари од сите медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.