Јапонскиот моден дизајнер Кансаи Јамамото почина на 76-годишна возраст од леукемија, објавено е на инстаграм-профилот на неговата компанија.

Јамамото беше познат по своите авангардни колекции, но и по тоа што правеше костими за пејачот Дејвид Боуви во неговата фаза „Зиги Стардаст“, ​​пренесува „Ројтерс“.

Тој беше првиот јапонски дизајнер што одржа модна ревија во Лондон во 1971 година, каде што прикажа креации што содржат јапонски мотиви.

Тој се запозна со Дејвид Боуви по неговиот концерт во Њујорк, а освен со него соработуваше и со Елтон Џон и Стиви Вондер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.