Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот  кој се случи во Тексас.

Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште.

На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари.

„Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија.

На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага.

По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.