Ненадејно почина големата македонска поетеса Виолета Сековска. За нејзината големина говорат големиот број на издадени книги, големиот број на добиени награди за нејзиниот лик и дело, како дома така и во странство.

Виолета Сековска ќе биде запаметена како голем македонски патриот, голем љубител на македонскиот род и македонската посебност.

Сековска активно почнува да се занимавам со поезија од 2011 година со објавување на нејзината прва стихозбирка „Македонија” посветена на нејзината земја.

Во името на земјата пишувам патриотска поезија, во името на Бог пишувам духовна поезија, во името на љубовта пишувам љубовна поезија. Поезијата како уметност не е само компонента, не е само литературно дело, стихот, исказот, бојата на јазикот, таа претставува интегрална целина, плод на креативноста на авторот. Ковачница на убавиот исказ синхронизиран со умислен тек на творечкото произнесување. Како сликовита патека и траекторија на мислата и зборот. Куќа на речитиот збор на мајчиниот јазик. Во моите збирки преовладуваат трите доблести на човекот, љубовта, верата и надежта. Тоа се постулати кои се надевам дека ќе го направат подобар човекот, и секоj од читателите на моите книги. Љубов е да сакаш и да бидеш сакан. Љубовта е двигател на животот кои сите ние го живееме. Дали е насочено кон земјата, кон поединец, кон целиот жив свет, ќе изјави таа во една прилика.

Има вкупно осум збирки и една збирка детска поезија „Светот на Јаков”. Коавтор во многу збирки поезија надвор од границите на мојата земја, учесник во македонски антологии, англиска антологија и тн. Од поезија не се живее но за поезија се живее. Поетот гради мостови на соживот, пријателство, љубов меѓу народите. Нема поубаво чуство да го работиме тоа што го сакаме. Единствено оружје кое може да го победи злото-сеприсутната омраза на современиот свет е ЉУБОВТА. Верувам секој од нас ја споделува оваа мисла. Честопати сум наградувана во Македонија, Србија, Хрватска. Меѓу најдрагите награди: “За интерпретација” “Поет на годината” “Најдобра песна” на поетски фестивал и тн, порачуваше таа.

Имам гостувано повеќе пати на македонски културни денови во Кралството Шведска, Кралството Данска, Албанија. Поезијата не познава граници. Таа не носи зад тантелата на невозможното, таа е крикот на поетот. Знае да биде, милозвучна, силна, тажна се зависи од средината во која што твори поетот. Овој период моите песни се патриотско-емотивни поради ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Македонскиот збор ќе се слуша надалеку, македонскиот бајрак ќе се вее до вечноста. Да е вечна Република Македонија за вјек и вјеков Амин, порачуваше оваа голема Макеоднка.

Погребот ќе биде денеска во 13.30 часот на гробиштата во Бутел, и истиот поради Ковид состојбата ќе се одржи во потесен круг на најблиските.

Тажната вест преку социјалната мрежа на Фејсбук ја сподели нејзината ќерка Сара, притоа информирајќи ги големиот број на пријатели кои што ги имаше македонската поетеса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.