Мајката на актерот Алек Болдвин почина на 92-годишна возраст.

Керол Болдвин имаше 25 внуци, меѓу кои Хејли Бибер и Ајрланд Болдвин и 14 правнуци.

Тажната вест ја објави Алек Болдвин на својот Инстаграм профил.

Со најдлабоко жалење, моето семејство ја објавува следнава изјава. Керол М. Болдвин, мајка на актерите Алек, Данијел, Вилијам и Стивен Болдвин и двете ќерки Елизабет и Џејн, почина денеска во Њујорк. Имаше 92 години, стои на почетокот на соопштението за медиумите.

Актерот потоа се осврна на болеста со која се борела неговата мајка:

Во 1991 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Таа се приклучи на групата за поддршка на рак на дојка на Лонг Ајленд. Мајка ми ги помина последните 25 години од својот живот како борец. Сите ние сме исклучително горди на нејзините достигнувања, напиша Алек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.