На 85 годишна возраст во Загреб почина доајенот на Хрватската телевизија, создавачот на легендарниот телевизиски квиз „Квискотека“.

Смртта за медиумите во Хрватска ја потврдил неговиот син Доминик Голужа.

Лазо Голужа бил познат како еден од создавачите на квизовите „Три, два, еден…“„Дали Вреди“, „Песочен часовник“, Бројки и букви“.

Но, сепак неговиот најпознат ТВ проект е квизот Квискотека, првата емисија на Квискотека е емитувана во далечната 1979 година, водител на легендарниот квиз беше популарниот Оливер Млакар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.