На педесет и седум години од рак на дојка почина холивудската актерка Кели Престон.

Утрото на 12 јули 2020 година, Кели Престон, обожавана сопруга и мајка, почина по двегодишна битка со карциномот на дојка. Одбирајќи ја својата борба да ја задржи приватна, таа беше подложена на лекување подолго време, поддржано од нејзиното најблиско семејство и пријателиТаа беше светла, убава и љубезна душа која се грижеше длабоко за другите и која им донесе живот на сè што допре. Нејзиното семејство бара да разберете за нивната потреба за приватност во ова време, изјави претставник на семејството.

 

View this post on Instagram

 

It is with a very heavy heart that I inform you that my beautiful wife Kelly has lost her two-year battle with breast cancer. She fought a courageous fight with the love and support of so many. My family and I will forever be grateful to her doctors and nurses at MD Anderson Cancer Center, all the medical centers that have helped, as well as her many friends and loved ones who have been by her side. Kelly’s love and life will always be remembered. I will be taking some time to be there for my children who have lost their mother, so forgive me in advance if you don’t hear from us for a while. But please know that I will feel your outpouring of love in the weeks and months ahead as we heal. All my love, JT

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

Престон со сопругот и славен актер Џон Траволта се родители на ќерката Ела (20),  9-годишниот син Бенџамин. Синот Џет почина на 16 годишна возраст во јануари 2009 година од неизлечива болсет.

Престон родена, во Хонолулу, Хаваи, студирала глума на Универзитетот во Јужна Калифорнија и ја започна својата кариера во 1985 година со својата прва голема филмска улога во „Mischief“ по неколку ситни улоги во телевизиските емисии, вклучувајќи ги „For Love and Honor“.

Во следните неколку години, Престон глумеше во филмови како SpaceCamp (1986), Twins (1988), Jerry Maguire (1996) и For Love of the Game . Последната филмска улога на Престон беше во филмот Gotti  во 2018 година во кој ја играше Викторија Готи, сопругата на мафијашкиот шеф Џон Готи, кој го глумеше Траволта.

Заедно со нејзината кариера, Престон ја вреднуваше својата децениска романса со сопругот Траволта.

MIAMI, FL-JUNE 8: John Travolta and Kelly Preston are seen during Despierta America morning show to talk about the up coming movie ‘Gotti’ on June 8, 2018 in Miami, Florida. (Photo by Alberto E. Tamargo/Sipa USA)

На новогодишната ноќ 1991 година, Траволта ѝ предложил брак во ресторанот на хотел „Палас“ во Гштад, Швајцарија, со шест-каратно жолто-бел дијамантски прстен. Кога се венчаа на 5 септември 1991 година, Престон беше два месеци бремена со нивниот син Џет. (Двојката подоцна се венчаше по втор пат на американско тло во плажата Дејтона, Флорида.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.