Почина претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „Винер – Виена Иншуренс груп“, Зоран Нарашанов, соопшти компанијата.

In Memoriam – Проф.-д-р Зоран Нарашанов

На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е.

Проф.-д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи.

Во ВИНЕР нема да биде исто без него, пишува во објавата од „Винер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.