Вчера на 35-годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип.

Д-р Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат.

Извор: Мнет.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.