По кратко боледување, утрово во Битола, на 81-годишна возраст почина доајенот на битолското новинарство, Никола Талевски, објави „Битола њуз“.

Талевски најголем дел од новинарскиот живот го помина како дописник на Македонската телевизија, а имаше свои јавувања и во македонското радио. Работеше и во Радио Битола, а по пензионирањето не го напушти новинарството и го основа „Инфо магазин“.

Никола Талевски пишуваше и хумористични и сатирични текстови во весникот „Остен“, а повозрасните битолчани го паметат и по радио ликот Ристо Модернисто. Талевски има објавено и неколку книги.

Погребот ќе биде утре на „Буковските гробишта“ во Битола во 12 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.