Четиригодишното девојче од Хрватска кое беше два часа во автомобил на жешкото почина во Риека во болница како последица од топлотен удар и дехидратација.

Како што неофицијално пишуваат хрватските медиуми, таткото, инаку 33-годишен маж за кого сите во Ровињско село имаат само убави зборови, ја оставил ќерката во автомобил и требал да се врати за 15 минути. Тој работел како фризер и требал на кратко да заврши работа, но тоа се одолжило на два часа.

Детето, кое било во многу лоша состојба наводно први го забележале работници кои работеле на градилиштето. Повикале брза помош, а девојчето било пренесено во болница.

Таткото на вработените во Брза помош им кажал дека девојчето било два часа во автомобилот. За жал, девојчето не се разбудило од кома.

Полицијата во Истра најави дека ќе биде покренато обвинение против таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.