По пауза од две години, поради Ковид пандемијата, големата радост Бадникови поворки, продолжува!

Со цел да ја продолжиме оваа стара духовна традиција, ве покануваме да се приклучите во подготовките се до Бадниковото навестување за раѓањето на Исус Христос, на 6 ти јануари 2023 година, кое ќе биде одбележано со голема поворка низ охридските улици, во која ќе учествуваат деца пеејќи ја некогашната стара коледарска песна “Вечниот Бог”.

Децата кои ќе учествуваат во оваа манифестација ќе добијат божикни подароци.

Подготовките за настанот почнуваат на 10.12.2022 во 13 часот во спортската сала на ОУ “Христо Узунов”, информира Летка Филипова, организатор на Бадникова поворка Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.