Пред четири години на денешен ден почина Љупчо Петровски попознат како диџеј Бабура.

Од тогаш наваму ноќниот живот во Скопје повеќе не е ист.

Љубителите на ноќните забави го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата.  Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското „Сити радио“. Имаше безброј настапи во Македонија, но и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Инаку тој беше сопруг и татко на две мали дечиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.