Имено, како што пренесува „New Idea“ до крах на овој брак сепак дошло и Џулија одлучила да ја продаде луксузната вила во која во моментов живеат.>
„Да, живеат во вилата, но таа не е доволно голема за да не се сретнуваат, и понатака се караат и си делат тешки навреди“, изјави неименуван извор за наведениот медиум.

Истиот извор, близок до ова семејство, тврди дека сопружниците, по бројните гласини за разводот, одлучиле да дадат се од себе и да поработат на својот однос. Меѓутоа се случило спротивното.

Како една од најголемите причини за несогласувањата се наведува и фактот дека Џулија и Даниел никако не можат да се согласат околу тоа каде да живеат. Актерката сака времето со семејството да го поминува на локација Сан Франциско – Њу Мексико, додека тој е задоволен во Лос Анџелес.

Џулија затоа одлучи да купи куќа во Сан Франциско, а оваа во која живее и која всушност е нејзина, да ја продаде.

„Таа одлучи, а Даниел немаше многу избор, го исфрли“, заклучи изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.