На добар дел од Охридското крајбрежје ова лето нема да има лежалки и шанкови, паркинзи и друга опрема, објави Алсат.

Локалните власти најавуваат дека најдоцна до 15 јуни ќе ги отстрани од плажите сите времени објекти и потоа ќе бидат регулирани со песок. Акцијата за уривање продолжи во средата, а досегашните концесионери на кои договорите им се истечени веќе неколку години обвинуваат за селективност и најавија тужба за општината.

Се рушат шанкови кои беа направени со одобрение на Министерството за транспорт и врски, со целата документација. Тие дозволи на две години беа продолжувани и на нив се плаќаше данок. Меѓутоа, последните две години тие договори не се продолжија и сите тие шанкови кои се изградени на овој потег се прогласени за дивоградби“, вели Даница Бачевска-концесионер на плажа.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.