Холандската полиција го осомничи 38-годишниот, Чабу Дера кој на 5. јануари оваа година во белградската населба Баново брдо го уби 37-годишниот Небојша Марковиќ и за убиство на Хрватот, Иван Сердарушиќ во јули минатата година во Амстердам, како и  уште еден маж во Будмпешта минатата година во септември. Полицијата сооопштила дека Дер е платен убиец со унгарско и српско државјанство.

Полицијата информира дека неговата жртва подолго време се занимавала со продажба на дрога и тоа се наведува како главен детал во истрагата и мотивот за ликвидацијата.

Жртвата која ручала во ресторан во Амстердам била застрелана во глава од страна на Дер со пиштол со пригушувач. По убиството Дер избегал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.