Тимот на Планинската спасителна служба на својата официјална интернет страна објави фотографии од вчерашната акција, во која е исчистено ѓубрето од тешко пристапните места, вдолж патеката до црквата Св. Јован во Канео во Охрид.

Оваа иницијатива е на волонтерите од Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, а во соработка со ЈП Охридски Комуналец, и е покрената за како што велат тие, да се спаси достоинството на македoнскиот народ.

На социјалните мрежи секојдневно се појавуваат разочарувачки фотографии од расфрлани отпадоци, не само од Охрид, туку и од скоро сите летувачки места во државава, на кои се гледа негрижата, некултурата и несовесноста на граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.