Дваесет и петгодишен државјанин на Босна и Херцеговина направил хаос во стан во кој престојувал во Австрија, при што интервенирала полицијата. Како што пренесуваат медиумите, полицијата морала да ангажира и кучиња.

„Кроне.ат“ пишува дека момчето, ноќта помеѓу 30 и 31 јануари, најпрвин ги вознемирувал соседите со гласна музика поради што дошла првата патрола на полицијата. Тој бил во алкохолизирана и многу агресивна состојба, а по отворањето на вратата од станот, почнал да ги пцуе полициските службеници. Полицајците во вториот обид донекаде го смириле, но драмата на завршила тука.

Повторно дошло до интервенција на полицијата, но овој пат со кучиња, бидејќи Босанецот почнал да фрла кеси со ѓубре кон полицајците.
Дивеењето продолжило во полициското возило, а потоа и во полициската станица, каде што тој оштетил делови од мебелот. По инцидентот, тој е во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.