Петгодишно девојче од Русија било спасено откако поминало 4 дена изгубено во шума. Зарина Авгонова се изгубила во руската шума кога тргнала по баба ѝ, која отишла да бере печурки.

Спасувачите стравувале дека Зарина се удавила, затоа што во шумата има длабоки јами и брзи реки. Иако кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, спасувачите имале среќа да ги пронајдат нејзините траги на земјата.

На едно место имало нејзини траги биле пресечени со траги од мечка, па спасувачите се загрижиле дека мечката можеби го нападнала девојчето. Повикале и вооружени ловци за да се заштитат од мечките и волците кои се во шумата.

Организрана била масовна потрага по девојчето, а поведени биле и жени, затоа што Зарина, како што рекле членовите на нејзиното семејство, се плаши и срами од мажи.

После четири дена спасувачите уапсеале да ја најдат во шумата. Била дехидрирана и исцрпена, па веднаш ја изела храната која спасувачкиот тим ја носел со себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.