Периодот од 27 април до 7 мај е многу критичен и опасен магиски период. Во овој период највредно работат црните магови како и негативните луѓе кои сакаат да ни напакостат. Тие денови не земајте и давајте ништо, ништо не разменувајте со луѓе со кои не сте во некој специјален однос. Никако не позајмувајте пари во тие денови. Многу вардете се овие денови, зашто црна магија има на секој ќош. Бидете ведри и насмеани, весели и задоволни, зашто само со ведрина, насмевка и среќа ќе можете да ја одбиете црната магија.

Денеска, пак, е Белтане, весел пагански празник на плодноста во кој ритуално се спојуваат космичките женски и машки енергии кои поттикнуваат на будење на природата како една од најфините креации на божествата. Билките набрани на овој ден имаат чудесна моќ. Маговите ја собораат првата утринска роса за своите љубовни пијалаци. Исто така, на овој ден се советува капење во река или во езеро – зашто тоа е добра заштита од негативната енергија и од болести. Постои уште едно правило кои требало стриктно да се почитува, а тоа е дека на овој ден никому ништо не се позајмува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.