Парис Хилтон, која на луѓето им е позната не само како богата наследничка, туку и по улогите во неколку филмови во кои главно играше ликови на „глупави русокоси“, откри во интервју за „Санрајс“ дека цело време само се преправала дека е таква.

Парис пред камерата откри како навистина звучи нејзиниот глас.

За сето ова време јас всушност се преправав каква што не сум во реалниот живот и луѓето никогаш немале шанса да ме запознаат подобро, рече таа.

Јас сум всушност многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Јас сум навистина добра во тоа да се преправам, признала таа.

На прашањето зошто токму сега решила да му го открие на светот своето вистинско јас, таа одговори дека смета дека е вистинско време за овој потег.

Поминав толку многу и сакам да ги разбијам предрасудите што се појавија во врска со мене. Исто така, важно ми е луѓето да ме паметат по она што го постигнав , а не за моето наследство. Сакам да ме паметат како успешна деловна жена, а не како некоја будала – додаде таа.

Со цел луѓето да имаат подобар увид во животот на оваа славна 39-годишна девојка, Парис реши да сними документарец за сопствениот живот, кој наскоро ќе биде достапен за сите бесплатно на ЈуТјуб.

Во документарецот, ќе се види како Парис го снима гласот и се обидува да го направи што е можно поиритирачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.