Папата Фрациск денеска ги повика верниците да го искористат „времето на искушение” од пандемијата на коронавирусот за да се подготват за иднината во која ќе нема нееднаквости и најсиромашните веќе нема да бидат запоставени.

Ова не е некоја идеологија. Ова е христијанство, рече папата.

Папата Франциск денеска излезе неколку улици надвор од sидовите на Ватикан за да одржи маса во црквата на „Светиот дух” во присуство на само мал број свештеници, заради строгите мерки против ширењето на вирусот во Италија.

Во својата хомилија папата кажа дека сериозната, глобална криза со пандемијата го потсети светот дека нема граници меѓу страдањата или разлики во националноста меѓу оние кои биле погодени или поштедени.

Треба длабоко да не протресе сето ова што се случува околу нас, рече поглаварот на Римокатоличката црква од олтарот на црквата.

Тој истакна дека е дојдено време да се отстранат нееднаквостите и да се „излечи неправдата што го загрозува здравјето на целото човечко семејство”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.