На една аукција во сојузната држава Калифорнија во САД, понудена е сума од 1.000.800 долари за палката со која легендарниот бејзбол играч Бејб Рут, го направи својот 500-ти хоумран во кариерата.

Рут во тоа време, во далечната 1929 година, стана првиот бејзбол играч со 500 хоумрани, рекордот го постави на гостувањето на Њујорк јенкис кај Кливленд индијанс.

Но, цената за која е продадена палката од 500-тиот хоумран, е далеку од рекордна.

На една претходна аукција пред 15 години, за палката со која Рут го направи првиот хоумран во кариерата во 1923 година, беа платени 1,3 милиони долари, а еден негов дрес беше продаден за неверојатни 5,64 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.