Малите вреќички со силик гел ги добивате секогаш кога купувате нови чевли, торби и слично. Многумина од нас ги фрлаат, наместо да ги чуваат и искористат бидејќи навистина може да ни помогнат.

Имено, можете да ги ставите во кутија со алат, во торба во која носите работи за во теретана или торга каде го чувате вашиот фотоапарат бидејќи тие ја спречуваат насобраната влага.

Ставете неколку вреќички во ормарот каде што ги чувате крпите, во ќесата за украси за елката бидејќи така ќе изгледаат како да се нови.

Држете ги покрај ветробранското стакло и така ќе спречите негово замаглување, ставете ги во несесерот со шминки за тие да останат свежи, држете ги во фотоалбумот за фотографиите да изгледаат како нови. Држете ги во близина на семките кои сакате да ги посадите за да останат свежи.

Решете се од лошиот мирис на старите книги така што во книгите ќе ставите вреќички од овие пакувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.