Најмоќните луѓе на светот не мора да трошат пари за овие работи:

Храна и пијалок

Бесплатната храна и пијалоци се составен дел од животот на висока нога, без разлика дали посетуваат премиери во кино, заминуваат на модерни балови или сакаат бесплатно да промовираат одреден производ на нивните социјални мрежи. Овие среќници не мора да платат храна без разлика каде се наоѓаат.

Најбогатиот човек на светот Бил Гејтс е горд сопственик на златна Мекдоналдс картичка која му овозможува да јаде во било кој фаст фуд ресторан со ова име на планетата, целосно бесплатно.

Од друга страна, американецот Џорџ Лукас, никогаш не е гладен во градот во кој постои ланецот од ресторани Бургер Кинг. Познати ресторани им ја даваат оваа привилегија на славните и богатите, но инсистираат да се молчи за престижните картички, па целосниот список на имиња не е познат.

Луксузни предмети и патувања

Доделување награди и премиери на филмови се одличен полигон за промовирање на нови луксузни предмети на пазарот. Не чуди затоа што на богатите и славните им се даваат „торбички со подароци“ со исклучителни вредности.

На доделувањето на Оскарите, на пример, вредноста на „подароците“ достигнува вредност од која „боли глава“, односно до 168 000 американски долари .

Минатата година на пример, во „торбичките“ се наоѓал ваучер за едногодишен наем на луксузен автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1.200 американски долари, бесплатен пат во Италија и слично.

Екстремни искуства

Резервација за комерцијален лет во веселната може да си дозволи само мал дел од светската популација со длабоките џебови. Но некои возбудливи искуства најбогатите луѓе може да ги добијат бесплатно. Кога светските „мудреци“ ќе смислат некоја нова иновација-милионерите и милијардерите се први кои тоа бесплатно може да го пробаат.

Ричард Брансон е љубител на екстремни спортови, па не чуди фактот што е меѓу првите кој пробува нови реквизити и возила за адреналинска авантура како преносни ракети-летала.

Овој милијардер, тежок околу 5 милијарди британски фунти обожава сурфање, возење со балон на топол воздух, а во својот имот има и приватна подморница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.