Ирена Ивиќ е „херој на денот“ во Америка. Возејќи автобус во Милвоки видела голо дете како изгубено оди среде зима и ниту миг не се двоумела – истрчала од автобусот и веројатно му го спасила животот на детето кое е старо година и пол.

-Апсолутно обожувам деца. Некогаш бев учителка и имам свои деца, така што сум многу среќна што можев да му помогнам на ова слатко недолжно бебе, рекла Ивиќ, родум од Прокупље (Србија) која зелената карта ја добила на Лотарија. За нејзината храброст исвестувале сите американски медиуми меѓу кои и CNN.

Ирена Ивиќ возела по автопатот на надвозникот кога видела босоного дете во црвена бенкичка, со пелени, како се движи кон раскрсницата, објаснил портпаролот на транзитниот систем во округот Милвоки, Мет Сликер.

Како што се гледа на снимката која ја објавил системот за транзит, Ивиќ го запрела автобусот, истрчала и го фатила детето, и го внела во автобусот.
„О, Господе., О, Господе. Се тресам, се слуша како на снимката говори Ивиќ“, откако со бебето седнала на местото возач.

Една патничка го соблекла зимското палто и го нагрнала детето, кое било ладно на допир.
Имено тој ден, 22. декември, температурите биле ледени, наведува системот за транзит во Милвоки.
На објавената снимка се гледа дека девојчето во прегратката на Ирена Ивиќ бргу заспало.
„Благодарна сум што се најдов на вистинско место во вистинско време“, рекла Ивиќ на церемонијата на благодарност,која во четвртокот била одржана во нејзина чест.

Полицијата соопштила дека 19. месечното бебе било ладно, и дека било уплашено но не и повредено. Според наводите на полицијата, кои ги пренел системот за транзит, детето исчезнало откако неговата мајка, како што се верува, имала криза на ментално здравје.
Портпаролот на системот за транзит во Милвоки рекол дека детето, на крај, било вратено, на таткото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.