Клер и Мет четири години се бореле со неплодност. Испробале на сите можни начини, но овој Божик за нив секогаш ќе биде посебен бидејќи тие добија тројка.

Во јануари, добивме сè што некогаш сме посакале и повеќе, рече Клер, бевме задоволни што останав бремена. Но, се покажа дека не станува збор само за едно бебе, туку три од нив.

Во тоа време, тие се обиделе со оплодување, но се разочарале  кога првиот пат не било успешно.

Јас баш сесе прашував што ќе правиме следната година во тоа време. Никогаш не очекував дека ќе имаме тројка само неколку месеци подоцна, рече Клер.

Новата година донесе добра вест – Клер беше бремена.

Откако беа вметнати две ембриони, се надевавме дека барем еден ќе вроди со плод, но не очекувавме дека ќе се раздели и ќе имаме три бебиња, рече радосната мајка.

Бременоста поминала без проблеми, а во август ги добиле трите ќерки – Ела, Тамара и Арија.

Клер и Мет се пресреќни и овој Божик го прославија со своите деца.

Бевме само двајца на минатиот Божиќ, а сега сме петмина, тоа е навистина лудо.  Овој Божиќ ќе биде многу посебен за нас и иако се обидовме да бидеме разумни, нема сомнение дека ќе ги разгалиме нашите бебиња, рече Клер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.